Реклама
Вирално

Кинеските научници повторно го шоkираа светот: Околу 87 отсто од случаите на коронавирус останале НЕОТКРИЕНИ!?

Реклама

Кинеските научници направија истражување кое тврди дека во Вухан меѓудругото, меѓу јануари и март околу 87 отсто од случаите на коронавирус, можеби останале неоткриени.

Истражувачи од Вухан, градот од каде што тргна пандемијата од коронавирус, сметаат дека 53 и 87 отсто од инфекциите пред 8. март не биле идентификувани, што потенцијално вклучува асимптоматски и благи случаи.

Маркетинг

Бидејќи тое случаи не се пресметани, стапката на репродукција на вирусот е сведена само на 0,28. Тоа би значело дека во просек болеста од едно заразено лице преминува на помалку од едно лице, а тоа тогаш укажуваше дека епидемијата е при крај.

Маркетинг

Научниците сметаат дека стапката на репродукција на вирусот во текот на раната фаза од епидемијата на коронавирус всушност била 3,54 или многу повеќе отколку што беше случај кај САРС и МЕРС.

Ова откритие го истакнува „ризикот кој го претставуваат неидентификуваните случаи во промената на стратегијата за сузбивање на вирусите“, рекоа авторите.

Насоките за дијагностицирање на коронавирусот кои ги објави кинеската влада во тоа време ги одредувале асимптоматските инфекции, иако потврдени со лабораториско тестирање, не се вбројуваат во „потврдени случаи“, се додека болеста клинички не се манфестира.

Тоа можеби ја намали перцепцијата за закана од потенцијално смртоносната болест и влијаеше на стратегијата на Кина за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Поврзано

Back to top button