Со лансирањето на „паметниот“ воз G8811, кој има 5G сигнал , безжично полнење и интелигентно осветлување, a нема возач, Кина официјално ја пушти во сообраќај новата брза линија. Таа линија трае од Пекинг до Џангџијаку, град во северната провинција Хебеј, кој заедно со кинеската престолнина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2022 година.
Како што објавија од Агенцијата Синхуа, железничката пруга 174 километри, дизајнирана со најголема брзина од 350 километри на час, ќе го намали времето за патување помеѓу Пекинг и овој кинески град од три часа на само 47 минути, истовремено олеснувајќи го и градскиот сообраќај.
По железницата има 10 станици и изградени се неколку подземни тунели, пренесува Б 92.
Меѓу првите патници на „паметниот“ воз кој беше пуштен на почетокот од годината беше Јанг Јанг, првата кинеска олимписка шампионка која освои два златни медали во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во 2002 година во Солт Лејк Сити. Јанг (43), кој сега е претседателка на кинеската атлетска комисија за Зимски олимписки игри, за новинската агенција „Синхуа“ изјави дека брзата пруга Пекинг-Џангџијаку е од суштинско значење за подготовките на Зимските олимписки игри и Параолимпијадата во 2022 година, бидејќи тоа ќе помогне во подобрување на ефикасноста на нивната работа и промовирање на зимски спортови во Кина.
Изградбата на оваа брза железница траеше околу четири години. На спортистите во брзиот воз им е обезбеден простор за чување сноуборди и друга опрема за скијање. Исто така, започната е и услугата е-билет со која им се овозможува на патниците да ги користат своите лични карти или да скенираат КП-кодови за проверка на автентичноста, наместо да чекаат во ред за да купат хартиени билети.