Реклама
Холивуд

Ким Кардашијан учи за да положи правосуден испит

Реклама

Познатата старлета реши да ја промени професијата

Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан

Ким Кардашијан веќе некое време учи по 18 часа неделно за да го положи правосудниот испит до 2022 година и да стаен адвокатка. Познатата старлета во нејзиното последно интервју за модната Библија „Vogue“ откри дека покрај тоа што го прави своето реално шоу, рекламите и се грижи за семејството, успева и да учи за правосудниот испит и дека минатата година станала приправничка во адвокатска канцеларија.

„Читањето навистина ме привлекува, бидејќи е долготрајно. “, вели познатата старлета и додаде дека многу брзо го усвојува материјалот што треба да го совлада пред испитот.

Маркетинг

Кардашијанката призна и дека секогаш била заинтересирана за кривичното право, бидејќи нејзиниот татко, Роберт Кардашијан, бил познат американски адвокат. Но да се школува решила по средбата со Доналд Трамп. „Седев во собата на Рузвелт со судија кој има осудено многу криминалци и многу важни и моќни луѓе, и си помислив: ‘Сра*е, треба да знам повеќе’”, изјави Ким.

Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан

Имено, Ким Кардашијан ова го откри за новото издание на Вог на чија насловна страница повторно се појави.

Маркетинг

Таа овие вести ги сподели и на Инстаграм каде откри дека овие фотографии се остварување на нејзините соништа

Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан

„Јас веќе долго време сонував за овој момент за кој многумина ми кажуваа дека нема никогаш да се случи. Не можам да ви опишам со зборови колку ми беше чест да ја направам мојата прва самостојна насловна за американскиот Вог“ напиша Ким под насловната фотографија на која е влажна и носи проѕирна мрежеста маица. Таа сподели и фотографии од едиторијалот, а на една од нив друштво и прават нејзините три деца.

https://www.instagram.com/p/BwFcGCHhT1X/?utm_source=ig_embed

 

Но многу повеќе внимание во јавноста од насловната привлече информацијата што ја откри во интервјуто. Тоа дека веќе некое време тајно стажира во една фирма во Сан Франциско, и планира да положи правосуден испит до 2022 година и да стане адвокат. Да, таа е сериозна – очигледно одлучила да ги следи стапките на нејзиниот починат татко Роберт Кардашијан, кој стана познат како адвокат на O.J. Симпсон.

 

Ким откри дека оваа одлука ја донела кога во мај минатата година преку социјалните мрежи успеа да влијае на правниот систем и да ја ослободи од затвор 63-годишната Алис Мари Џонсон, која беше неправедно осудена на доживотен затвор заради својот прв прекршок.

 

„Сфатив дека би можел да сторам многу повеќе кога би имала поголемо знаење”, објаснува Кардашијан во своето интервју. Очекувано, вестите за идната адвокатка кренаа бура на социјалните мрежи, каде што доби многу коментари со поддршка од нејзините обожаватели.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button