Ова е втора година по ред како во Америка се доделуваат награди за најдобри инфлуенсери.
На доделувањето на наградите „American Influencer Awards“ оваа година присуствуваше и познатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан. Таа на овој настан се појави за да му го додели признанието на својот пријател Марио Дедивановиќ за уметничко достигнување.
Имено, Марио е Албанец од Црна Гора кој пораснал во Њујорк. Со Ким се запознал во 2008 година на снимањето на еден едиторијал и тогаш започна и нивната соработка која трае повеќе од 10 години.
Инаку, Марио како шминкер учествуваше и во создавањето на легендарната фотографија на Ким за „Papper“ магазин.
Покрај шминката за која му требаше само 20 минути, тој беше и човекот кој го намачка целото тело на старлетата со бебешко масло, поради што телото на Кардашијанката на култните фотографии на кои го соблекува фустанот и позира со чаша шампањско изгледаше како глазирано.
Ким за оваа пригода носеше „винтиџ“ фустан од Диор. Таа преубавиот фустан од познатата модна куќа го носеше со високи потпетици од Маноло Бланик, но за разлика од фустанот, Ким доби негативни критики заради чевлите.
John Galliano for Christian Dior Fall 1997
„Тие чевли не можат да бидат удобни. Пластиката е влезена во кожата, а нејзините прсти се разбегани на сите страни“ напиша една корисничка на социјалните мрежи додека друга додаде дека не и е јасно зошто Ким постојано инсистира да носи такви високи потпетици.
„Изгледаат болно. Штета за толку убав фустан, со овие чевли потполно го упропасти“, пишува во коментарите.