Реклама
Холивуд

Кејт Мидлтон го освоила принцот во целосно проѕирен фустан

Реклама

Пред да стане Војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон беше обична студентка и учествуваше во најразлични студентски активности.

Една од нив беше хуманитарната модна ревија наречена „Don’t Walk“ која секоја година ја организира факултетот Св. Ендрјус и во која и учествуваше и Кејт во 2002 година. Таа тогаш имаше 19 години и се впушти во улога на модел, па се прошета по пистата во целосно проѕирен фустан од дизајнерката Шарлот Тод со кој го воодушеви принцот Вилијам, кој будно го следеше шоуто од првиот ред, иако тој веќе ја познаваше.

Маркетинг

„Уф, Кејт е секси”, му коментирал тогаш принцот на неговиот пријател Фергус Бојд, со кого беше заедно на ревијата, пренесува „Harper’s Bazaar“.

Маркетинг

Тоа дека во ова разголено издание војвотката прв пат го привлекла вниманието на идниот крал на Велика Британија, исто така, беше потврдено и од страна на Пат Данкан, нивниот заеднички пријател и поранешен колега од Факултетот Итон, на кој беа запишани и двајцата.

„Тоа беше при крајот на нивната прва година на колеџ. И јас бев на настанот и имаше многу убави девојки. Но, Кејт беше облечена провокативно, во целосно проѕирен фустан и Вилијам не можеше да го тргне погледот од неа,”, изјави Данкан во неговото интервју за „E! News“ во 2011.

Една година подоцна, Кејт и Вилијам ја започнаа својата врска, а овој фустан (ако воопшто можеме така да го наречеме), неодамна беше продаден за 74 илјади фунти.

Поврзано

Back to top button