Реклама
Холивуд

Кејт Мидлтон го облече најубавиот капут за оваа зима и ѝ објави војна на Меланија Трамп

Реклама

Кејт Мидлтон и објави војна на Меланија Трамп?

Војвотката од Кембриџ се прошета во син капут кој сите ги потсети на легендарната комбинација со која првата дама на Америка, Меланија Трамп, ја проследи инаугурацијата на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп.

Маркетинг

Кејт овој капут го носеше при посетата на Ирска, а штом се појавија фотографиите започнаа и првите споредувања на која од овие две дами и стои поубаво оваа комбинација.

Фото: АП

Меланија Трамп важи за модна икона, но и често ја критикуваат поради прескапите модни парчиња што ги носи.

Маркетинг
Фото: Шутерсток

Од другата страна сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, не ретко знае да се појави и во модели од „хај-стрит“ брендови, но и да ја „рециклира“ облеката, односно едно исто парче да го носи повеќе пати.

Фото: Зума Прес – Њус

Но и таа не може да остане рамнодушна на скапите дизајнерски парчиња, а пример за тоа е и ова издание што го носеше во Ирска. Имено, капутот што војвотката го носи е со потписот на „Mulberry“ и неговата цена е 2022 евра.

Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?

Извор: Telegraf.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button