Холивуд

Кејт Мидлтон го копира стилот на кралицата Елизабета?

Advertisement

Наместо модерни, војвотката почна да „фура“ построги кроеви

Advertisement

Со месеци се шпекулираше дека наследството на британската круна ќе прескокне една генерација – наместо на принцот Чарлс, новиот крал, наводно, ќе биде најстариот внук на кралицата Елизабета, принцот Вилијам. Неговата сопруга, Кејт Мидлтон, тогаш ќе добие титула на принцеза, а многумина коментираат дека веќе почнала да се подготвува за својата нова улога, почнувајќи од стилот на облекување.

Наместо да биде модерна како порано, почна да ги избира построгите кроеви, според моделот на кралицата Елизабета. Иако секогаш се облекуваше според кралските правила – многу пристојно, умерено, но сепак модерно, неодамна при посета на Лестер, војвотката од Кембриџ избра многу построга комбинација на облекување.

Advertisement

Во неа доминираше сив капут со црни детали, црни хулахопки и салонки. Меѓутоа, она што најмногу ги изненади беше сериозното лице на војвотката од Кембриџ, која инаку е препознатлива по нејзината широка насмевка. Но без разлика дали станува збор за подготовките за нејзината нова улога или не, едно е сигурно – ова издание совршено и стои на убавата британска војвотка!

Погледнете уште неколку нејзини феноменални изданија…

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button