Реклама
LIFESTYLEВирално

КЕЛНЕРКАТА МАРИЈАНА ДОБИ БАКШИШ ОД 3.000 ЕВРА: Плачеше и скокаше од среќа! Но, нејзината среќа не траеше долго, следеше ШОКАНТЕН ПРЕСВРТ

Реклама

Келнерката Маријана Ламбер од Пенсилванија дојде на работа не знаејќи дека тој ден ќе го памети засекогаш.

Маријана уредно си ја вршела работата во ресторанот „Алфредо пица“ кога клиент и нарачал хамбургер со помфрит и пијалок.

Маркетинг

Фото: Пекселс

На сметката подоцна пишувало дека клиентот должи 13,50 евра, кои тој ги платил во готово, а потоа зела кредитна картичка за да и остави бакшиш. Еве каде оваа приказна доби неверојатен пресврт.

Маркетинг

Маријана не можеше да им поверува на очите кога виде дека гостин во ресторанот и оставил бакшиш од 3.000 евра! Тој исто така напиша:

„Бакшиш од Исус“.

Маријана почна да плаче и да се радува како никогаш досега.

Фото: Пекселс

И нејзиниот шеф, Закери Џејкобсон, беше воодушевен од гестот и приказната се прошири низ областа.

Многумина великодушноста на гостинот ја објаснија со тоа што веројатно бил понесен од атмосферата на познатиот ресторан „Pizza by Alfredo“, кој се прославил во хит серијата „The Office“.

Фото: Пекселс

Но, веќе следниот ден Маријана остана без бакшиш од 3.000 евра. Имено, штом муштеријата стигнал дома сфатил дека згрешил и ги повлекол парите, а приватната сметка на Маријана останала без ништо.

Дополнително, тој испратил порака до менаџерот на ресторанот со извинување за грешката, бидејќи ја користел картичката на религиозно здружение кое насекаде бара да остави доброволни прилози.

Муштеријата не сакаше да попушти и да го исплати бакшишот, па шефот на Маријана, Зекери Џејкобсон реши да го тужи!

Фото: Пекселс

– Ова не е во ред. Животот на Маријана за момент е подобрен и таа има право на таа сума. Нејзе и беше платено, а потоа и повлечено. Па каде е? Ако веќе сте згрешиле, стојте зад неа до крај.

Затоа решивме да го тужиме г-дин Ерик Смит за емоционална вознемиреност – изјави Џејкобсон за ТВ станицата WNEP.

Ерик Смит, кој оставил голем бакшиш, не се огласил, а кога видел дека го тужат, ја завршил преписката со ресторанот, менувајќи го мобилниот телефон.

Корисниците на социјалните мрежи беа едногласни во мислењето дека гостинот во ресторанот морал да собере храброст, барем во името на своето религиозно друштво, и навистина да се откаже од сумата од 3.000 евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button