Кај нив се слави и Бајрам и Велигден – убавата пејачка од Скопје и нејзиниот сопруг на лукузна дестинација за празникот
Убавата пејачка од Скопје имаше луксузен дочек на Бајрам.
Аделина и нејзиниот сопруг се вистински пример дека љубовта не познава граници.
Аделина Тахири е пејачка на албанска поп-музика, но доста е популарна и на македонската естрада.
ФОТО: Инстаграм / Аделина Тахири
Со пеење започнала да се занимава уште од најрана возраст, а денес може да се пофали со многу хитови зад себе, успешни настапи и концерти.
Една е од најубавите жени на сцената, а и самата кажува дека посветува максимално внимание на физичкиот изглед.
ФОТО: Инстаграм / Аделина Тахири
Поради нејзиниот егзотичен изглед таа е сон на многу мажи, но клучот од нејзиното срце го има само еден.
Во 2017 година Аделина се омажи за македонскиот адвокат Серјожа Марков, а истата година го добија и своето прво дете.
ФОТО: Инстаграм / Аделина Тахири
Ова е второ дете и втор брак за Серјожа. Тој од првиот брак има ќерка.
Љубовта меѓу Аделина и Серјожа е доказ дека љубовта не познава вера и националност.
ФОТО: Инстаграм / Аделина Тахири
Иако и самата таа мислела дека никој нема да ги прифати, сепак се случило спротивното.
Аделина и Серјожа изгледаат вљубено како првиот ден, а секој слободен момент го користат да го поминат со нивниот син Јон.
ФОТО: Инстаграм / Аделина Тахири
Во нивниот дом се слават и муслиманските и христијански празници.
За големиот муслимански празни Рамазан Бајрам сите тројца отпатуваат во Дубаи.
ФОТО: Инстаграм / Аделина Тахири
Аделина сподели фотографии од нивната прослава, на која беа модно усогласени, сите облечени во црно.
Пејачката носеше и впечатлив накит кој го надополни нејзиниот изглед.