Кајмакоски и Принцот од Врање заедно ја пеат НАЈУБАВАТА МАКЕДОНСКА ПЕСНА – мелем за очи и за уши
Пејачите воодушевија многу дами со ова видео
Шармантниот Даниел Кајмакоски важи за еден од најпознатите пејачи како на нашата музичка сцена, така и во соседството.
Тој се прослави со победата во Икс фактор, а потоа и во „Твоето лице звучи познато“ каде исто така го освои првото место.
Пејачот е поприлично познат и на социјалните мрежи каде има голем број фанови од регионот, а сега ги изненади сите со една заедничка снимка на која е со пејачот познат како Принцот од Врање.
Инстаграм/ Принцот од Врање
Станува збор за младиот пејач Стефан Здравковиќ кој им е миленик на жените, а настапува под псевдонимот Принцот од Врање.
Инстаграм/ Принцот од Врање
Оваа снимка што тие ја објавија на социјалните мрежи ги изненади сите, посебно што тие испеаја една позната македонска песна.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Имено, Принцот и Даниел овој пат за мерак на нивните фанови ја испеаја песната „Македонско девојче“ и ги воодушевија сите.
Како звучи овој несекојдневен дует, слушнете во продолжение…
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски