Реклама
Наши ѕвезди

Кајмакоски го покажа својот син – овие фотки го срушија интернетот, пејачот се топи во нивните прегратки

Познатиот пејач како младоженец, но и како татко кој се топи во прегратките на своето бебенце

Реклама

Пејачот ужива со своето бебенце

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски ги изненади сите кога прв пат откри дека повторно ќе стане татко.

Оттогаш поминаа речиси две години, а неговиот син што го доби со својата нова избраничка неодамна го прослави првиот роденден.

Маркетинг

Имено, Кајмакоски во јануари прослави годишнина од бракот со Марина, а сега на социјалните мрежи испливаа неколку фотографии од интимната свадбена церемонија што пејачот ја направи деновиве.

Тие сега решија да прослават за нивното стапување во брак, а неколку фотографии од настанот сподели пријателот и колегата на Даниел, Маид Хеќимовиќ, кој со својот бенд беше задолжен за забавата.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Маид под фотографиите напиша „XXL Factor“, потсетувајќи се на популарното шоу во кое што се запознаа во 2013 година.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

„Па еве имаме цел бенд и придружни вокали. Ти благодарам што ни го разубавивте денот. Те сакам тебе и твоето семејство“, напиша Даниел.

Потсетуваме, Кајмакоски по победата во „Икс Фактор“ се ожени со познатата пејачка и манекенка Кристина Димитриевска која беше 13 години помлада од него. Тие се разделија во 2019 година, по три години брак, по што Даниел замина да живее во Белград, а нивниот син Давид остана со својата мајка во Македонија.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Во јануари 2023 година пејачот ги изненади сите кога објави дека повторно се оженил објавувајќи фотографии од матичарот.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

„Те сакам, но не само заради она што си, туку и заради она што сум јас кога сум со тебе, напиша тогаш познатиот пеач.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

По неколку месеци се роди и нивниот син Стефан, а Кајмакоски сега сподели нови фотографии со него и сите ги воодушеви.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Неговата сопруга Марина е доктор по медицина и специјалист по анестезиологија, реаниматологија и интензивна нега.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Сопругата и нивниот син се центарот на светот на Даниел кој максимално им е посветен кога не е пред својата публика.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Како изглед неговиот семеен живот, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button