Кајмакоски во болница, а поранешната сопруга пее песна од Шабан на социјалните мрежи? Еве што вели за обвинувањата!
Голем шок за фановите на Даниел Кајмакоски
Откако во текот на вчерашниот ден беше објавено дека лицето Д.К. (38) од Струга ја пријавил својата поранешна сопруга дека сакала да го отруе, дел од македонските медиуми објавија дека се работи за Даниел Кајмакоски .
Како што објави порталот „А1Он“, Даниел наводно ја пријавил својата поранешна сопруга, Кристина Димитриевска (25), дека му дала кафе во кое, како што се сомнева познатиот пејач, му ставила нешто од што му се слошило. Тој се сомнева дека во прашање е нap*отично средство, а случајот во полиција бил пријавен од Комплекс клиники Мајка Тереза.
Според извештајот од МВР, а кој што беше објавен од македонските медиуми, поранешната сопруга била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но, според нејзината изјава, тие воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К, му се слошило, а таа за настанот го известила Центарот за социјални работи. На прашањето зошто Кајмакоски ја обвинува дека му ставила нешто во кафето, Кристина за „А1Он“ изјави дека не сака да коментира такви глупости.
Кристина денес на својот профил на социјалните мрежи објави и видео, но со истото ги изненади сите.
Имено, таа се снимаше додека се вози во својот автомобил и додека ја пее песната од Пабан Шаулиќ и Теа Таировиќ.
Во прашање е песната„ Откад тебе знам“ која што Шабан ја испеа со една од најпознатите млади „Гранд ѕвезди“.
Во песната се зборува за љубовта и пријателството, па засега останува непознато дали познатите стихови „Во тебе имам љубов, во тебе имам пријател“ се порака за нејзиниот поранешен сопруг или пак, за некој друг.
Инаку, бракот на Кристина и Даниел заврши во 2019 година, а нивниот син Давид живее со неговата мајка.
Кристина уште пред да се омажи за Даниел важеше за една од најубавите и најпознатите манекенки во нашата земја.
Но откако заплива во брачните води реши да ја стави кариерата во мирување и да се посвети на брачниот и семеен живот. И тоа беше така се додека не се разведе од Кајмакоски, а потоа секој од нив продолжи по својот пат.
Убавата Тетовчанка за брзо време повторно се врати во центарот на вниманието. посебно со своите фотографии што речиси секојдневно ги објавува на својот профил на социјалните мрежи. Таа заплови и во музичките води, а како изгледа денес, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска