Реклама
Наши ѕвезди

Кајли Џенер повеќе не е милијардерка, магазинот „Форбс„ ѝ ја одзеде титулата поради „мрежа на лаги“

Реклама

Магазинот Форбс објави приказна за „мрежите на лаги на Кајли Џенер“, која наводно ја лажирала заработката на компанијата Кајли Козметикс, за подобро „да се продаде“ но и да се најде на листа на милијардери на оваа медиумска куќа.

„Јасно е како ден дека тимот Кајли лажеше“, пишува Форбс.

Маркетинг

„На почетокот на година, Кајли Џенер продаде повеќе од половина од компанијата за козметика за неверојатно количество пари. Сепак, она што со ситни букви е напишано е дека со години ја дуваше својата величина и успехот на својот бизнис“, додаваат од магазинот.

Форбс претходно напиша дека семејството Џенер ги повикало новинарите во својот дом, но и ревизорска канцеларија, па им дала на увид и документи за враќањето на данокот „кои наводно биле фалсификувани“.

Маркетинг

Магазинот овој обид на Џенер го наречен „очајнички обид богатите да се прикажат побогати“.

Она што е интересно е, дека таа иако не е милијардерка, нејзиното богатство сега се проценува на близу 900 милиони долари.

На социјалните мрежи брзо се огласи Џенер, пишувајќи дека никогаш немала намера да го зголемува своето богатство и дека најмал проблем во светот е тоа колку пари имаа таа, наведувајќи дека овој извештај е неточен.

„Мислев дека овој сајт има углед… сега гледам само неколку неточни и недокажани тврдења. Никогаш не сум барала било каква титула ниту сум се обидела да лажам. ТОЧКА“, напиша таа.

„Дали навистина вашиот доказ, документите за поврат на данокот МОЖЕБИ се лажирани: Значи, МИСЛЕВТЕ дека се лажирани? Дали навистина го читам ова“, додаде таа.

Џенер на листата на милијардери се појави во март 2019 година, а својата позиција ја зацврсти кога во ноември продаде 51 % од фирмата Кајли Козметикс на козметичкиот гигант Коти за 600 милиони долари. По финализацијата на договорите во јануари оваа година, вредноста на нејзината фирма сега е 1,2 милијарди долари.

Благодарение на парите од продажбата и преостанатите 49% удел во истата, Кајли се најде на листата меѓу 2.095 луѓе, кои имаат над милијарда долари.

„Ништо од ова не очекував, не можев да ја предвидам иднината. Но, убаво е кога некој ќе ви оддаде почит. Тоа е ветар во грбот“, рече своевремено таа за Форбс.

Поврзано

Back to top button