Каубојски шешир и деколте од милион долари – Ноне со провокативно селфи го запали Инстаграм (видео)
Еве како Ноне ужива ова лето

Поранешната пејачка Ноне Неделковска која веќе неколку години работи на брод, редовно споделува моменти од својот живот и од сето она што и се случува патувајќи низ светот на социјалните мрежи.
И бидејќи најчесто посетува егзотични дестинации, Ноне не ретко можеме да ја видиме и во провокативни изданија.
Впрочем таков беше случајот и сега кога Ноне сподели неколку фотографии со кои ги воодушеви своите бројни фанови.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Облечена во црн дводелен модел на костим за капење и со голем сламен шешир на главата, пејачката направи неколку провокативни селфи-фотографии, истакнувајќи го во преден план раскошното деколте со кое никого не остави рамнодушен.
На главата носеше каубојски шешир и темни очила за сонце, а провоцираше и со она што го правеше со својот јазик.
Како Ноне изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…