Катица ја масираат на плажа, а Боки се поти во хашките ќелии – не, ова не е ријалити шоу, овој циркус е реалност во Македонија!
Беше еднаш во Македонија
Боки 13 со 1.5 милиони евра во чанта од Луј Витон
И додека во Македонија се случува драма, медиумите повторно објавија фотографија на кои се гледа Катица Јанева како ужива на грчките плажи. Фотографиите предизвикаа голема прашина, иако не е познато кога се направени и дали специјалната обвинителка во моментов е во Грција или фотографијата е направена во некое друго време.
Како и да е и оваа фотографија на која се гледа Катица како ужива во масажа што и ја пружаат додека седи на лежалка предизвика големо внимание, особено откако италијанскиот весник „La Verita“ објави видео на кое се гледа како бизнисменот Камчев исплаќа милион и пол евра на контроверзниот Бојан Јовановски попознат како Боки 13 и Зоран Милевски (Зоки Кичеец).
Не е потврдено дали на фотографијата навистина е Катица, но досега никој и не демантираше дека не е таа
Во вториот дел од објавениот видео материјал може да се слушне аудио снимка во која наводно разговараат Јовановски и богатиот Камчев. Во разговорот Јовановски му најавува на бизнисменот дека „Врховен суд ќе го ослободи (од домашен притвор) до понеделник или најдоцна до вторник“.
Боки кој е близок со Катица Јанева (да потсетиме, нејзиниот син е вработен во правната служба во медиумот на Боки!) му ветува дека специјалното јавно обвинителство нема да употреби никаков правен лек. Како што пренесуваат медиумите, видеото е направено на 20 февруари, а на Камчев Врховен суд ќе му ја укине мерката притвор на 4 март. Токму како што му ветува Боки.
Инаку, двајцата осомничени за изнуда во истрагата популарна наречена Рекет, Бојан Јовановски и Зоран Милевски од 15 јули се наоѓаат во притворот во Шутка. Боки е сместен во хашкото одделение во затворот, но иако многумина мислат дека станува збор за луксузно одделение во притворот, вистинската ситуација е многу поразлична. Според вработените во Шутка, ако надвор е 30 степени, во хашките ќелии е минимум 10 степени повеќе бидејќи изолацијата во овој дел од затворот е многу лоша. Но поради безбедносни причини, проценката била дека Боки треба да биде издвоен.