И во Македонија ништо ново, освен вестите поврзани со Боки и Специјалното јавно обвинителство
Телевизија Канал 5 објави фотографија на која наводно е специјалната обвинителка Катица Јанева. Фотографијата е направена во Ханиоти, а испратена од граѓанин кој се нашол на истата плажа со неа, но сакал да остане анонимен. На фотографијата специјалната обвинителка е видно расположена, и покрај проблемите што ги има со случајот Рекет, по кој даде оставка, но потоа се врати на работа во СЈО без да одговори на многу прашања на новинарите.
Жената од фотографијата навистина наликува на обвинителката, а телевизијата иако не потврди дали се работи за вистинската личност, и остави можност истата да е направена во минатото, а не деновиве, сликата сепак стана вирална и подигна голема прашина кај корисниците на социјалните мрежи.
Покрај оваа фотографија исплови и една на која наводно е нејзиниот син Лазар Јанев, кој беше шеф на правната служба на 1 ТВ, каде што таен сопственик е првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. Медиумите објавија дека Лазар е фотографиран заедно со неговата мајка, а дали на фотографиите се тие или не, погледнете и пресудете сами.