Кате „Нели ти реков” соопшти прекрасна вест – сите ги израдува
Пејачката со ангелски глас соопшти прекрасна вест.
Кате ги израдува своите фанови и следбеници.
Катерина Танева во јавноста е позната како Кате „Нели ти реков” поради истоимената група со која настапуваше со години.
ФОТО: Фејсбук / Кате Танева
Која песна и да ја испее со својот глас како славеј звучи прекрасно.
Вистинско уживање е да се слуша Кате во живо, а тоа го потврдуваат сите кои присуствувале на нејзините настапи.
ФОТО: Фејсбук / Кате Танева
Таа ги испеа најголемите хитови, меѓу кои најпознат е „Запри дожду”, а има учества и на најпознатите фестивали во нашата земја од кои највпечатливи се настапите на Валандово.
Приватно е посветена на своето семејство, кое впрочем ѝ е најголемата поддршка што ја има во животот.
ФОТО: Фејсбук / Кате Танева
Мајка е на синот Марко и ќерката Ларита, која е нејзина копија.
Нејзините деца и сопругот не сакаат многу да се експонираат во јавност, а и Кате не е многу активна на социјалните мрежи и ретко објавува нешто.
ФОТО: Фејсбук / Кате Танева
Но, овој пат таа се огласи на Фејсбук и соопшти новитети.
Иако долго време ја немаше со нешто ново, таа се пофали со нова песна, дует со колегата Иван Штивиќ.
Песната е насловена „Моја сестро“, а за многу кратко време собра стотици лајкови и многу честитки и пофалби од фановите.
ФОТО: Фејсбук / Кате Танева
ФОТО: Фејсбук / Кате Танева
ФОТО: Фејсбук / Кате Танева
ФОТО: Фејсбук / Кате Танева
ФОТО: Фејсбук / Кате Танева