Кате „Нели ти реков“ не сте ја виделе во вакво издание – пејачката го промени имиџот, сите изненадини
Познатата македонска пејачка во имиџ кој ја изненади публиката.
Кате „Нели ти реков“ во вакво издание досега не сме ја виделе.
Ова е дифинитивно изненадување од неа.
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓорѓиев
Нема кој не ги знае песните на „македонскиот славеј“, Катерина Танева Ѓорѓиев.
Во јавноста е позната како Кате „Нели ти реков“ поради групата која го носи истото име, а со која на музичката сцена е присутна повеќе од 3 децении.
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓорѓиев
Учествуваше на сите познати фестивали во Македонија, освојуваше многу награди и секогаш пленеше со својот вонсериски глас.
„Запри дожду“ и „Никој ме нема така љубено“, се евергрините без кои не може да се замисли ниту една прослава во земјава.
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓорѓиев
Кате и денес се занимава со музика и е доста активна на музичката сцена.
Навикнати сме да ја гледаме во елегантни и отмени изданија, кои впрочем одговараат на нејзиниот карактер.
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓорѓиев
Отсекогаш била повлечена, зрачела со смиреност и скромност, посветена на своето семејство.
Никогаш не била дел од некакви скандали и својот приватен живот го чувала само за себе.
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓорѓиев
На сцената на фестивалот Охридски трубадури 2024 Кате се појави во смело издание.
Горе носеше корсет кој одлично ја истакна нејзината фигура и деколтето, а доле црни класични панталони.