Реклама
CelebrityИнтервју

Катерина Шехтанска: „ Се трудам да бидам насмеана, покрај мојата строгост и моментот НЕ ЗНАМ КАЈ ТЕРАМ“

Реклама

Гламур интервју со Катерина Шехтанска

Професионално актерка, а приватно мајка и сопруга. Катерина Шехтанска одлично се снаоѓа и во двете улоги. За себе вели да не беше актерка, ќе беше балерина и актерка…

Маркетинг

Кој е предизвикот да се биде актер?

Да се биде поинаков, да креираш, да бидеш нешто што не си, да се распаднеш емотивно од солзи до смеа, да влегуваш во карактер кој ни на сон не би го посакувала или потајно си мечтаела. Според мене најголем е предизвикот да се биде актер. Имаш шанса за креација, се исполнуваш максимално, се предаваш до последен здив на сцена пред камера, каде треба да е публиката да ја натераш да ти верува од петни жили во нешто што го презентираш пред неа. Како и да е предизвикот голем, е сега кој колку ќе може да го прифати и исполни.

Како започна вашата приказна со актерството?

Како ќерка на актер, некако беше логично да израснам во театар, а можда и не, ама ете така сакала судбината да си поигра со мене. Од 9 годишна возраст започнав со балетот, нешто што може беше судбински или сосем случајно да татко ми има проби во МНТ(сегашен МОБ), и бидејќи пробите започнуваат од 10 часот а градинката (сега се навраќам на почеток) од 7:30 и во тоа вреше немаше кој кога сака да го носи детето во градинка, се знаеше имаше ред, не дозволиле покасно во градинка, не ме примиле и бил приморан да ме носи со него на проба, ама во претставата татко ми имаше улога со една рака и го тепаа и малтретираа на сцена јас сум се расплакала( што сум разбирала тогаш?) и за да не ја уништам пробата ме однел во балетската сала за да се занимавам да не реметам проба иии тука започнува се. Со моите предиспозиции што често во тоа време постарите балерини знаеа да кажат руски, се навлеков на балетот, се чекаше само да наполнам доволно години бидејќи во тоа време не беше како сега од прво туку од третто одделение се почнуваше.  Понатаму се течеше како што треба, почнаа настапи, снимања. После првиот балетски годишен концерт бев земена во театарска дипломска претсава на Васил Христов и се навлеков на тоа. Сметав дека тие две професии не можат една без друга, плус фактот што сум родена во куќата на Милчо Манчевски, позади Вардар Филм, што друго да се очекува од мене.

Маркетинг

Што е потребно да се изгради еден лик- улога?

За да се изгради еден лик многу зависи од тоа за каков лик се работи, дали е нешто површно или захтевно. Во секој случај треба комплетна предадерност на секој еден лик што го гради секојдневен актер на сцена или на филм. Кај мене во принцип идело лесно затоа што се уште немам добиено улога во која како по книга треба да се совлада ментално и физички, или па мене така ми се чини. Сепак треба да се направи првенствено целосна анализа на ликот, психичка, физичка, му го бараш минатото, му ја креираш сегашноста( кај секој актер тоа е различно) зошто секој трга првенстевно од себе, нешто скриено длабоко, нешто што посакуваш или нешто од што се ужазнуваш просто. И според мене тука е главната креација кај актерот да биде секогаш различен без разлика каков товар носи и кој е тој всушност.

Мајка сте и сопруга, колку влијае кариерата на вашиот приватен живот?

Па јас немам бог знае каква кариера за да трпат по дома. Во секој случај ако добро се организираш за се има време, а кај мене и малку повеќе.

Која улога сакате некогаш да ја одиграте?

Толку улоги има што сакам да ги одиграм што им нема број. Навистина не се шалам, би сакала секаков вид на карактер да одиграм, да направам улога на која би измамила солзи на лицата на публиката, радост и безброј емоции со кој би се поистоветувале некогаш кога те гледаат на екран или на сцена.

Што ќе беше Кате, доколку не беше актерка?

Епа БАЛЕРИНА и актерка.

Каков е ликот на Кате кога не се наоѓа на сцената?

Хахахахаха ќе ми замерите ако пишам. Се шегувам. Ако мислите дали се подудара со некој лик Не. Секогаш своја, откачена на свој начин, сега се поретко ведра и расположена. Се трудам да бидам насмеана, покрај мојата строгост и моментот НЕ ЗНАМ КАЈ ТЕРАМ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button