Катастрофално модно промашување на Јована Јоксимовиќ – нејзините обожаватели разочарани
Сопругата на Жељко критикувана на социјалните мрежи
Водителката Јована Јоксимовиќ со последната модна комбинација со која ја водеше утринската емисија на српската телевизија „Прва” ги разочара обожавателите. Имено, таа беше критикувана од нивна страна, а гледачите на Твитер започнаа и дискусија дали нејзиниот фустан е вистинскиот избор за појавување на телевизија.
Во прашање е фустан со долги ракави, во боја на кожа и со впечатлив црвен детаљ над градите, додека во долниот дел потсетува на здолниште, исто така во црвена боја, поради што на моменти изгледаше како да е полугола.
„Ваков невкус не сум видела со години“, „Делува како знак за предупредување за кривина на патот, само погрешно поставен“, „Моден инцидент”, беа само некои од коментарите од корисниците на спомнатата социјална мрежа. Инаку, оваа катастрофална модна грешка на убавата сопруга на Жељко Јоксимовиќ најмногу ги изненади нејзините обожаватели, бидејќи Јована е познат по нејзините трендовски модни комбинации и секогаш внимава на својот изглед.
Па, што мислите за ова модно издание – чисто промашување или не гледате ништо проблематично во него?