Катарина Ивановска вчера по вторпат стана мајка.
Нашиот познат модел Катарина Ивановска, пред два дена на свет ја донесе ќеркичката Кира.Убавата вест на својот профил на Инстаграм ја објави нејзината блиска пријателка, пејачката Тамара Тодевска.
Пред извесно време манекенката реши да ги открие за јавноста името на бебето кое е крстено според таткото на манекенкатаНејзиниот татко, се вика Кире Ивановски! А, внуката ќе се вика – Кира! Инаку, манекенката и нејзиниот партнер Цобе веќе го имаат синот Вања кој неодамна наполни две години.
Непосредно по неговото раѓање убавицата во интервју истакна дека мајчинството ја променило во целост, но откри и дека не е од оној тип на жени кои откако ќе добијат дете апсолутно се повлекуваат и немаат социјален живот. Таа објави преслатка фотографија од малите ножиња на малата Кира.
Фото: Инстаграм