Катарина повторно е бремена
Една од нашите најпознати манекенки Катарина Ивановска ужива максимално во својата втора бременост. Откако објави дека е во блажена состојба на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои во преден план се гледа нејзиното стомаче, а нејзините обожаватели беа воодушевени од глетката и испратија бројни честитки.
Прв информацијата дека е во блажена состојба ја објави нејзиниот пријател диџејот Зоки Бејбе, кој на социјалните мрежи сподели фотографија од нејзината прва бременост и со тоа само ги подгреа гласините за нејзината бременост. Откако медиумите објавија дека манекенката повторно ќе се оствари во улога на мајка, Катарина не ја демантираше веста, а потоа набргу и самата ја потврди со следнава фотографија.
Што се однесува до претходната бременост, прв пат беше објавено дека е во блажена состојба дури кога беше во петтиот месец од бременоста. И откако во 2017 го роди малиот Вања, кој пред неколку месеци наполни две години, за кратко време повторно беше во топ форма и продолжи со снимањето реклами и едиторијали за светски познати брендови.
Инаку, и покрај бременоста, таа лудо се забавува и ова лето, што исто така можеме да го видиме од нејзиниот Инстаграм.
Имено, таа неодамна сподели неколку фотографии на кои позираше во мошне интересно издание. Таа „фураше“ кошула фустан што е одличен избор за млада дама која е во блажена состојба, во комбинација со сако и високи потпетици со кои дополнително ги издолжи нозете. Покрај фотографијата Катарина објави и видео од кое можевме да видиме дека и покрај поодминатата бременост се уште е во топ форма и изгледа неверојатно од глава до пети, но и дека се уште знае лудо се забавува до доцните ноќни часови.
Мама прва класа со стил, и напиша тогаш една пријателка во коментарите на социјалните мрежи.