Катарина е на нов летен одмор.
30-годишниот македонски модел ужива во убавините на грчкиот остров Антипаксос.На фотографии кои ги објави на Инстаграм, таа позира во бикини, истакнувајќи го пораснатото трудничко стомаче.Катарина е бремена со второто дете.
Бремената Катарина Ивановска пред извесно време уживаше на семеен одмор во Шпанија, а на најновите фотки го покажа трудничкото стомаче.Нејзината објава за краток период привлече големо внимание, како поради среќната вест, така и поради нејзината совршена фигура.
Инаку, манекенката и нејзиниот партнер Цобе веќе го имаат синот Вања кој неодамна наполни две години, а непосредно по неговото раѓање убавицата во интервју истакна дека мајчинството ја променило во целост, но откри и дека не е од оној тип на жени кои откако ќе добијат дете апсолутно се повлекуваат и немаат социјален живот.