Реклама
Холивуд

Касандра во 90-тите ја дочекавме како кралица на Широк Сокак – ќе се изненадите кога ќе видите како изгледа денес, во гаќички …

Реклама

Венецуелската актерка Кораима Торес се прослави со улогата на Касандра во истоимената серија која беше хит во 90-тите.

Касандра во една прилика заедно со Ранду, нејзиниот колега од серијата, ја посетија Македонија (види ја фотографијата што следува) кога беше воодушевена од нашата земја.

Маркетинг

Фотографијата е направена во Градот на конзулите, пред дваесетина и кусур години, кога пристигнаа главните ликови од популарната серија. Станува збор за серија која ги празнеше улиците низ градовите во Македонија, но и поради која се затворале локалните продавници. Бебиња од ромска националност се почесто добиваа имиња според главните протагонистите во серијата, а на харизмата на венецуелската актерка Кораима Торес (45) никој не можеше да остане рамнодушен. Така беше и со Битолчани кои со големи почести ги дочекаа Касандра и Ранду, а како тоа изгледаше тогаш можете да видите низ објективот на Димитри Гина.

Маркетинг
Касандра и Ранду на Широк сокак

Касандра во едно неодамнешно интервју истакна дека го обожава тенисерот Новак Ѓоковиќ, но и дека одвреме-навреме ги слуша хитовите на Светлана Цеца Ражнатовиќ. „Не разбирам за што пее, но ми се допаѓа музиката“, изјави таа.

Серијата Касандра беше првата латиноамериканска теленовела прикажана кај нас која привлече огромно внимание и за која до ден денес се зборува, особено помеѓу постарата генерација. Серијата имаше 150 епизоди, а последната епизода се снимаше во 1993-та година, и набрзо потоа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана и најпродавана серија.

Главната ТВ хероина беше Кораима Торес, жената која до ден денес асоцира на убавината и животот во 90-те години, кога голем дел од нашата јавност со нетрпение чекаше да почне нивната омилена серија.

 

„Поминаа повеќе од две децении, а како вчера да почнав да ја снимам Касандра. Не ме претворија преку ноќ во циганка, морав сериозно да се подготвам за таа улога. Ликот не беше обичен. Касандра беше девојка која беше сигурна во себе, во рамките на наивноста која мораше да ја има.“

„Навикната да работи пред публика, секоја вечер танцуваше и беше изложена на ножевите на рулетот на Рандеву, но сепак изолирана од светот надвор од шаторите на циркусот. Тоа беше огромен предизвик за мене, на кој морав целосно да му се препуштам,“ се присетува Кораима.

Денес по повеќе од две децении истата жена има скромна актерска кариера и живее со своето семејството во Колумбија. Таа самата вели дека серијата и го променила животот и токму поради неа се доселила во Колумбија каде и денес живее и работи. Таа е во среќен брак од 96-та и има дваесетгодишен син Ману Николас.

Шармантната актерка денес, 25 години по снимањето на познатата серија, се уште изгледа атрактивно, а главни виновници за тоа се здравата исхрана и вежбањето.

Па, еве неколку нејзини фотографии што таа редовно ги објавува на својот профил на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/BwZ0lFgFcIe/

https://www.instagram.com/p/BaCQG3QFQto/?utm_source=ig_embed

 

 

 

 

Поврзано

Back to top button