Реклама
Трендови

Каролина Херера откри со какви модели никогаш нема да погрешите

Реклама

Познатата дизајнерка за Вог ги откри тајните на својот стил

Венецуелската дизајнерка Каролина Херера која речиси 37 години е на самиот врв на модната сцена и која досега ги има облекувано најпознатите први дами како Жаклин Оназис, Мишел Обама и Меланија Трамп, и ден-денес е најдобриот амбасадор на сопствениот бренд.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BklLz2gnlHr/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Таа на почетокот на годината улогата на креативен директор на брендот ја препушти на дизајнерот Вес Гордон, а за магазинот Вог ги откри клучните насоки во нејзиниот стил.

Маркетинг

 

https://www.instagram.com/p/Bch-DtvlX1c/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Нагласени раменици

Во нејзините колекции секогаш се наоѓаат парчиња со ефектно нагласени раменици, а сега Херера и ни ја откри и нејзината тајна зошто е тоа така: „Отсекогаш сметав дека кога ќе ги нагласиш рамениците, струкот едноставно мора да изгледа потенко“ изјави дизајнерката за Вог.

Бела кошула

„Во белата кошула сум уште од школските денови. Се сеќавам дека носев бела кошула со Петар Пан со јака уште од времето кога носев школска униформа. Бела кошула носев и кога јавав, а и тенис играв во неа. Тоа беше и остана мојот заштитен знак, нешто во што се чувствувам сигурно“.

https://www.instagram.com/p/Beuz5T_ncRy/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

 

Графички дезени

„Отсекогаш сум ги сакала ригите. Модата е убава за очи, а фустан со интересен графички дезен најлесно се помни. Многу полесно отколку еднобојниот“, вели дизајнерката во чии колекции секогаш ќе најдете парчиња со ефектни графички дезени, а најчесто ги користи ригите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button