Реклама
Стил

Каролина покажа како се носат фармерки со ШИРОКИ НОГАВИЦИ – модел во кој сите изгледаат послабо

Модел на фармерки што ќе бидат хит оваа сезона

Реклама

Покрај тоа што секогаш е средена од глава до пети, Каролина Гочева има и беспрекорно чувство за мода, а тоа го покажа и сега.

Имено, пејачката покрај тоа што е музичка, таа е и модна ѕвезда чии комбинации секогаш привлекуваат внимание.

Таа е една од оние дами за кои што велиме дека што и да облечат изгледаат беспрекорно, па дури и кога се во своите „кежуал“ изданија.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Во тоа можевме да се увериме и од нејзиното последно издание кога заблеска во широки фармерки и никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм

Имено, Каролина за отворањето на изложбата на својот сакан се појави во необично издание и го украде шоуто.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Таа за оваа пригода носеше широки фармерки во светло сина нијанса кои што ги комбинираше со бела копула и розови салонки.

Фармерките што ги носи изгледаат романтично и елегантно, додека светлата нијанса им додаваат доза на женственост и шик изглед

Фото: Инстаграм

Пејачката целото издание го зачини со минијатурна дизајнерска чантичка и црвен кармин кои беа полн погодок за ова шик издание.

Каролина во ова издание изгледаше како светска ѕвезда, посебно што ваков џинс носат и најпознатите светски модели.

Фото: Инстаграм

Таа објави фотографија на која позира и со својата мајка, која за оваа пригода исто така изгледаше феноменално.

Но за разлика од нејзината ќерка, таа носеше дол црвен фустан и црвени еспадрили, во комбинација со голема кафеава чанта.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

На изложбата беа и многу познати личности, а меѓу нив и колешката на Каролина, пејачката Тамара Тодевска и нејзината најдобра другарка, познатата манекенка Катарина Ивановска.

Фото: Инстаграм

Пет модели на фармерки што ќе ги носиме ова лето

Фармерките се „маст-хев“ парче во плакарот на секоја дама. Сите имаме барем еден модел во кој се чувствуваме сигурно и удобно, и кои можат секогаш да ни се најдат во оние моменти кога немаме идеја што да облечеме. Што се однесува до оваа летна сезона, на голема врата повторно ни се вратија моделите од 90-тите со рамни или широки ногавици, како и црните фармерки кои повторно се ИН. Покрај овие два модели популарни се и класичните blue wash модели, како и широките, baggy фармерки.

Фото: Инстаграм

И секако за крај, не треба да ги заборавиме и фармерките со широки ногавици какви што носеше и Каролина.

Фото: Инстаграм

За разлика од „cropped“ моделите кои се до зглобот, и со кои морате да водите сметка за обувките, фармерките со широки, ѕвонести ногавици можете да ги носите со сите видови потпетици, а воедно ги прават нозете и визуелно да изгледаат подолги и потенки.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button