Каролина и Михаил не кријат колку многу се сакаат – пејачката и сликарот фатени во љубовен занес
Никогаш не криеле колку се среќни кога се заедно
Тие уживаат на едно посебно место во Италија
Нашата поп-дива Каролина Гочева со својот сопруг, сликарот Михаил Корубин, заминаа на прошетка низ Италија.
Пејачката на својот Инстаграм објави колаж од снимки со кои покажа дека се наоѓаат на Доломитите, преубав планински предел во северниот дел од Италија кој изобилува со природни убавини.
На снимите можеме да видиме како тие уживаат разгледувајќи го ова место, но и како пејачката се бања во еден преубав базен.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина се снимаше и додека лежеше покрај базенот во костим за капење, потоа и како плива во базенот и ужива во пејсажот, но и како вежба во теретана, а посебно внимание привлече со снимката на која е гушната со саканиот и не ја трга насмевката од лицето.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Потсетуваме, Каролина и Михаил на вечна љубов се заколнаа во 2016 година, а за нивната свадба и денес се зборува.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Како Каролина изгледаше и тогаш, на најубавиот и најсреќниот ден во нејзиниот живот, потсетете се на крајот од галеријата.