Каролина ги воодушеви своите Битолчани – ПЕЈАЧКАТА БЛЕСКАШЕ НА СЦЕНАТА, убава како никогаш досега
Фармерки заради кои не можеме да престанеме да гледаме во Каролина

Пејачката ги воодушеви сите
Каролина Гочева одржа концерт за паметење во родната Битола, а публиката ја воодушеви и со својот моден избор.
Имено, познатата пејачка на сцената настапи во необични фармерки какви ретко која дама би се осмелила да ги носи.
Во прашање е тесен модел, но со „cut-out“ детали во горниот дел кои визуелно создаваат впечаток како да и’ се гледаат тангите.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Ваквите фармерки се хит веќе некое време меѓу светските ѕвезди, а станаа популарни најмногу благодарение на познатите дами како што се Ријана, Бела Хадид и сестрите Кардашијан.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Во слично издание можевме да ги видиме и колешките на Каролина, Антониа Гиговска и Кристина Димитриевска (види тука), но и контроверзната српска водителка Јована Јеремиќ која во една пригода ги водеше вестите во едно вакво издание.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина целото издание го заокружи со кроп-топ од истиот материјал и штикли, а како изгледаше, погледнете во продолжение: