Каролина во шок – „исплива“ фотографија што ја ЗАПРЕПАСТИ, и на Карлеуша и го направија истото
Некој ги злоупотребува фотографиите на Каролина
Никој не го очекуваше ова, а најмалку познатата пејачка
Нашата позата поп-пејачка, Каролина Гочева, се појави на сајт на кој се рекламира сомнителен лек за мека и убава кожа.
Како што самата пејачка објави, во прашање е лажна реклама на која стои лицето на Каролина, а под која пишува:
„Завршија деновите на боткс инјекции и затегнување на кожата“, под што стои производот кој наводно ја помладува кожата.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Пејачката веднаш реагираше на оваа лажна реклама и како што самата објави на Инстаграм, истата веќе ја пријавила.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
„Дечки веќе некое време кружи оваа лажна реклама. Повеќе пати се обидовме да ја пријавиме, повторно се појавува од различни профили.
„Важно да знаете дека е лажна реклама која го користи и злоупотребува мојот лик и доколку не ви е тешко ве молам кликнете репорт кога ќе се појави“, пишува во објавата во рамките на Инстаграм сторињата на пејачката.
Инаку, ова не е прв пат некое познато лице од регионот да се најде на една ваква лажна реклама која што кружи на интернет.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Недамна тоа и се случи и на пејачката Јелена Карлеуша кога нејзини фотографии се појавија на сајтот за продажба „АлиЕкспрес“.
Принтскрин
Имено, некој без нејзино знаење решил да ги искористи нејзините фотографии и да рекламира облека како онаа што ја носи пејачката.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Најверојатно на некој му се допаднал начинот на кој Јелена го носи моделот, па решил да го продаде на овој начин.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Цената по која тогаш се продаваа овие парчиња беше 20 долари, а на Карлеуша сигурно не и се допадна тоа што некој продава евтини копии со нејзини фотографии и без нејзино знаење.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фотографиите се користат без мое знаење и јас тоа не можам да го контролирам, посебно ако се земе во предвид дека мојот Инстаграм профил е убедливо најпопуларниот на Балканот.
„Забележав дека мои фотографии користи кинескиот И-Деј, како и бројни американски сајтови, па не ме изненадува и дека се најдов на овој кинески сајт“ изјави Јелена Карлеуша за медиумите кога се појавија овие нејзини фотографии на светски познатиот сајт за продажба, АлиЕкспрес.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Покрај Карлеуша, на вој сајт се имаат најдено и Ким Кардашијан и Бојонсе, но и бројни други светски познати ѕвезди.