Реклама
Наши ѕвезди

Каролина во необични чевлички за кои треба да имате храброст

Реклама

Каролина Гочева повторно ги вознемири модните страсти на социјалните мрежи

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Иако овој пат во прашање е кежуал издание, нејзините обувки (flat-mules) се полн погодок.

Каролина неодамна ни покажа како носи блејзер под кој не носеше ништо и со кој заврши на страните на шпанскиот Ел. Но овој пат во прашање е едноставно „кежуал“ издание кое нашата убава пејачка го подигна едно друго ниво со нејзините „луди“ рамни чевлички со кои ги воодушеви пријателите и обожавателите на социјалните мрежи.

Маркетинг

Имено, Каролина носеше тесни 3/4 фармерки и раскошна бела кошула со тантела и впечатливи карнери, а во центарот на вниманието беа нејзините рамни црно-бели сандали со голема црна панделка.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

„Убавица“, „Од каде ти се овие чевли, дарлинг?“, „Ти си само за во ЛА. Ти посакувам убав престој и носиш преубави сандали“, пишуваат во коментарите под фотографиите воодушевените корисници на социјалните мрежи.

Маркетинг

Инаку, ваквите рамни сандали со затворен врв и отворени пети познати како „flat mules“ во светот на модата се хит веќе некое време. Меѓу првите ги претстави дизајнерката Фиби Фило и предвиде дека овие влечки ќе ги освојат ѕвездите на уличниот сил ширум светот. И таа беше во право!

Овој модел веќе неколку сезони им е омилен на познатите дами од светот, но и во Македонија.

Поврзано

Back to top button