Реклама
MAMAКафе муабет

Карма: Она што одбиваш да го прифатиш, ќе стане уште поинтензивно

Реклама

Карма е збор од санкритско потекло и означува акција. Таа е еквивалент на Њутновиот закон кој вели дека „секоја акција мора да има и реакција”.

Кога мислиме, говориме или делуваме, ние иницираме сила која ќе има одговарачка реакција.

Тоа значи дека што ќе испратиме во Универзумот, тоа и ќе ни се врати.

Маркетинг

„Што си сеел, тоа ќе жнееш”. Ова е исто така познато како закон на причините и последиците. Доколку сакаме среќа, мир, љубов, пријателство… тогаш треба да бидеме среќни, мирољубиви, во љубов и добри пријатели.

Тоа што одбивате да го прифатите, ќе опстојува.

Маркетинг

Доколку тоа што го гледате е непријател или некој со особини кои ги сметате негативни, тогаш ни вие самите не сте фокусирани на повисоко ниво на постоење.

Кога и да се појави нешто лошо во мојот живот, тогаш постои нешто лошо во мене самиот.

Ние сме одраз на тоа што се наоѓа околу нас и тоа што е околу нас е одраз на самите нас. Тоа е универзалната вистина. Мораме да станеме одговорни за својот живот.

Доколку премногу гледаме во минатото, пропуштаме да бидеме сега и овде.

Стари мисли, стари шаблони на однесување, стари соништа…. сето ова не спречува да имаме нови.

Секоја награда бара почетен труд.

Наградите кои имаат трајно дејство бараат трпение и постојан труд. Вистинската радост се случува кога го правиме тоа што треба да го правиме и пуштаме наградата да дојде во свое време.

Секогаш ни се враќа тоа што сме го вложиле во нешто.

Вистинската вредност на нештата е директен резултат од енергијата и намерите кои се вложени во тоа. Секој личен придонес е истовремено и продонес кон Целината.

Поврзано

Back to top button