Реклама
CelebrityНовостиХоливуд

Карл Лагерфелд со неговата контроверзна диета има ослабено 40 килограми

Реклама

По сммрта на познатиот дизјанер пополека почнаа да се откриваат неговите тајни за кои малкумина знаат.

Така како што бројни медиуми тврдат, дека главниот мотив за губење на тежината на Лагерфелд, е поради желбата да ги носи модните парчиња дизајнирани од Хеди Слиман.

Маркетинг

Па така тој се одлучи да преземе ригорозна исхрана со препорака од познатиот гуру за слабеење, Џин Клауд Хоудред.

За само една година загуби импресивни 40 килограми, а потоа ја напиша и книгата “Диета Карл Лагерфелд” која брзо стана хит. Но, не сите се воодушевени од неговите упатства. Имено, неговата исхрана се базираше на ограничување на внесот на маснотии и калории, избегнување на пржена и рафинирана храна и зголемување на внесот на зеленчук и протеини. Иако на прв поглед тоа не изгледа премногу, но  се разликува од голем број други диети. Во оваа диета, многу е важно да се консумираат протеини со секој оброк за да се спречи губењето на мускулната маса, но наместо протеините во храната, диетата на Карл Лагерфелд е базирана на употребата на протеински додатоци со различни вкусови.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BXsB3qzlxAP/?utm_source=ig_embed

Но, постојат и други обесхрабрувачки упатства за ова диета. Таа се одвива во три фази, а за време на првата дозволено  е да  се внесува само 800 до 900 калории дневно, што е премногу рестриктивно за повеќето луѓе кои тешко ќе продолжат нормално да функционираат со толку малку калории.

Се разбира, акцентот е на претходно споменатите белковини и други адитиви, наместо класичната богата протеинска храна..Покрај тоа, Лагерфелд промовираше необична мотивација за губење на тежината. Наместо да ги мотивира здравствените или слични причини, тој сметаше дека треба да бидете мотивирани исклучиво од модни трендови и од облекат која сакате, но не можете дс ја носите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button