Погледнете каква фризура „фура“ Јелена Kарлеуша
Карлеуша неодамна ја потскрати косата, но сега реши повторно да ја врати долгата фризура. Таа позираше пред ѕидот на нејзиниот дом, а обожавателите се воодушевени од комбинацијата што ја носеше.
Имено, контроверзната пејачка позираше во необичен „мал“ фустан во силна зелена нијанса, а во центарот на вниманието е нејзината долга коса во впечатлива розова боја со која Карлеуша ја замени „машката фризура“
Инаку, Карлеуша по непријатните настани што и се случија во изминативе неколку месеци повторно е во елемент! Таа од јули ќе почне повторно да настапува, а нејзиното прво појавување на бината ќе биде на големиот белградски фестивал „Влез“ за кој веќе се подготвува со полна пареа – има изнајмено кореографи, специјално осветлување и ефекти, и за сето тоа искеширала околу 15 илјади евра.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Карлеуша?