Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша pacпали по ќерката на Цеца откако го откажа настапот во Германија: „Престанете да го лажете народот, претеравте!“

Реклама

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, овој викенд требаше да одржи концерт во Есен.

Фото: Инстаграм

Но на Анастасија и се слоши непосредно пред настапот, по што пејачката ги извести медиумите.

Сепак, ова не помина незабележано кај Јелена Карлеуша, вечната ривалка на нејзината мајка, која немилиот настан го коментираше во свој стил, критикувајќи ја младата пејачка.

Имено, таа на социјалните мрежи напиша дека на Анастасија не и се слошило, туку не настапила затоа што продала одвај 30 билети. Популарната балканска поп дива притоа објави и еден новинарски текст и ги оспори наводите за состојбата на Анастасија со следните зборови.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

„Не лажете го народот повеќе! Како не ви е срам од лагите? Ова е нефер кон целата музичка сцена! Пишувајте за стотината пејачи кои заслужиле за нив да се пишува, кои вчера растурија и ги наполнија клубовите! Не за оние на кои им се слошило од 30 продадени карти“, напиша Карлеуша во свој стил објавувајќи го коментарот на Инстаграм и додаде:

Фото: Инстаграм

„Платени текстови за некој што не би можел ни во првиот круг во ‘Ѕвездите на Гранд да помине’ ,не можат да помогнат. Едноставно, доста е со фарса“, напиша Јелена која исто така во рамките на Инстаграм приказните објави и едно видео на кое што е пред судницата.

Маркетинг

И додека новинарските екипи ја интервјуираат Цеца, доаѓа таа, а новинарите тргнуваат по неа.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Инаку, Анастасија вчера околу 13 часот следа на белградскиот аеродром заедно со нејзината тетка Лидија Оцокољиќ. Таа се врати од Германија, а како што пренесоа претходно медиумите, младата пејачка наводно заради здравствени причини морала да го откаже концертот.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Наводно на Анастасија пред самит настап во Есен и се слошило, заради што и била укажана лекарска помош.

„Добро сум, сега ми е подобро. Едноставно ми беше лошо, и тоа е тоа“, изјави кратко пејачката кога пристигна во Белград.

Таа на аеродромот се појави во лежерно издание – во тренерки, патики и со маска на лицето.

Таа на новинарите им кажа дека не знае кога повторно ќе настапи во истиот град во Германија, а како што објавија некои медиуми, според нивни извори, пејачката цела вечер ја поминала со лекари.

На Анастасија додека се подготвувала за настапот и се слошило, па морала да го откаже излегувањето на сцената. За брзо време дошла и медицинска екипа која по прегледот и одредила да прими инфузија и да мирува, така што пејачката немала можност да го одржи концертот.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Првиот настап на Анастасија во Париз

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button