На крај тие секогаш ќе успеат да најдат заеднички јазик
Карлеуша откри дека нејзиниот провокативен стајлинг понекогаш знае да му засмета на Душко, но таа знае како брзо да го предомисли.
„Постојано ми зборува дека без престан се фотографирам разголена, и дека тоа повеќе нема смисла. Тој не го сака тоа. Ме прашува до кога планирам да се соблекувам на тој начин, а јас му велам дека не се оженил со домаќинка, туку со Јелена Карлеуша. Тој мислеше дека знае во што се впушта“ им изјави Карлеуша на новинарите.
Тие случајно ја сретнаа додека се шеташе низ центарот на Белград и добија одговор каков никој не очекуваше.
https://www.instagram.com/p/B3Y0TlvhcAm/
Таа потоа зборуваше и за нивната нова куќа и напоменат дека Душко најмногу ја сака спалната соба, но и дека магијата помеѓу нив може да се случува на најразлични места. Таа вели дека сега нејзиниот гардеробер конечно ќе има голема квадратура, бидејќи во старата куќа не може ни да се сврти, па сите простории станале нејзин гардеробер.
„Душко нема каде да ги држи своите работи. Ако некогаш се разделиме, ќе биде заради тоа“, изјави Карлеуша во шега.