Наши ѕвезди

Карлеуша успеа да го зачува бракот – нејзиниот сопруг го заборави неверството со Огњен Врањеш и сите повторно се заедно

Advertisement

Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ очигледно го оставија турбулентниот период зад себе.

Advertisement

Откако заедно го прославија роденденот на Карлеуша, пејачката заедно со целото семејство замина на одмор во Опатија, каде му беа гости на првиот човек на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ.

Балканската поп дива на нејзиниот профил на социјалните мрежи објави неколку интересни фотографии од кои можеме да видиме како го минува времето со своите ќерки и сопругот во луксузниот Lido Bevanda Beach Resort, а објави и едно видео на кое се гледа како уживаат на новата јахта на Поповиќ.

Advertisement

„Девојки“ – напиша Карлеуша под фотографијата со ќерките, а потоа подели и видео на кое се гледа и нејзиниот сопруг.

Да потсетиме, откако се појавија експлицитните фотографии на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, пејачката ретко можевме да ја видиме со својот сопруг во јавност. Тогаш се шушкаше дека Душко ќе поднесе барање за развод, а обожавателите беа сигурни дека во нивниот брак не цветаат рози. Јелена тоа цело време го демантираше, а нејзиниот сопруг не сакаше воопшто да коментира на темата. Но според последните случувања – заедничкиот одмор во Кина, роденденскиот подарок на Душко за Јелена, и сега ова, заедничкиот одмор во Опатија, очигледно дека бурниот период и скандалите не го растурија нивниот однос.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button