Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша со бpyтални зборови и ја кажа сypовата вистина на пејачката од Македонија – овие зборови болат, но тоа е реалноста?!

Реклама

Тоа е така и ние до утре можеме да зборуваме за некои работи, едноставно правилата се такви – изјави Карлеуша.

Во последната емисијата „Ѕвездите на Гранд“ најголемо внимание предизвикаа коментарите на претставниците на жирито упатени на сметка на физичкиот изглед на 22 годишната Сања Тодоровиќ од Македонија.

Маркетинг

Поп иконата Јелена Карлеуша во таа пригода го објасни и своето вид8вање на шоубизнисот, кое за жал е реално.

Имено, откако споменатата натпреварувачка на која Јелена и е менторка се појави на сцената, жирито ја критикуваше дека се поправила. Во овие критики посебно се истакна Ѓорѓе Давид кој во лице и кажа дека за некој што планира да изгради музичка кариера тоа е недозволиво, посебно што има 23 години. Сања за разлика од девојката со која што се натпреваруваше носеше елегантен, но не и провокативен фустан, што очигледно не им се допадна на претставниците на жирито, посебно на мажите, иако таа ги освои сите гласови од нив.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

Тогаш нејзината менторка Карлеуша се надоврза и истакна дека шоубизнисот екстремно гледа на жените. Според неа, во шоубизнисот главниот збор се уште го водат претставниците на посилниот пол и дека жената може да успее само ако изгледа добро, а низ прсти може да им се прогледа само на бpyтални пејачки, како што е на пример Марија Шерифовиќ, и само таквите можат на сцената да се појават во маичка и фармерки и повторно да ја освојат публиката.

„Во право сé, мораме да ослабнеме, мораме да поработиме на стајлингот, бидејќи како што некој кажа претходно, ретко кој може да пее како тебе, но секако секој може да ocлабне. Па така сега ќе ослабнеме и не дозволувај килограмите и таму некоја темна, зелена боја и таквата изморена енергија да те одвлече од целта, а тоа е да станеш ѕвезда“, започна Јелена.

Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

„Не се занимававме со килограмите, ди eтата, а тоа е сé што ти можеш и мораш. За жал, шоубизнисот е таков каде жената екстремно многу се гледа низ физичкиот изглед, всушност, 99 отсто се гледа низ физичкиот изглед, освен ако не е бpyтална пејачка, па тогаш може да доаѓа во фармерки и маичка, па ќе и се гледа низ прсти бидејќи е бpyтална пејачка“, изјави балканската дива и додаде:

„Поинаку, мора да бидеш мега згoдна риба, мачка, бидејќи такви се правилата во шоубизнисот, ова е таква работа каде мажите го водат главниот збор, а таквиот изглед продава, мора да бидеш таква мачка и само така ќе направиш голем успех и ќе бидеш ѕвезда. За жал, тоа е така“.

Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

„На тој мој сопруг се обидувам постојано да му објаснам зошто ‘така’ изгледам, зошто на ‘тој’ начин се фотографирам. Едноставно таквите фотографии на пример, имаат три пати повеќе лајкови отколку кога ќе се oблечaм во ролка. За жал, тоа е така и ние можеме да зборуваме до утре за некои работи, едноставно правилата се такви“, изјави Јелена.

„Инаку, и Босанац ми ги лајкува само оние фотографии каде сум така облечена, оние кога сум во гардероба не ги ни гледа и ги гледа сите мои сторија, можам да видам кој ме лајкува и кој ме гледа, а за пораките што ги добивам не сакам ни да зборува“, заклучи Карлеуша.

Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

Фото: Принтскрин/ Сања Тодоровиќ

Фото: Принтскрин/ Сања Тодоровиќ

Фото: Принтскрин/ Сања Тодоровиќ

Фото: Принтскрин/ Сања Тодоровиќ

Фото: Принтскрин/ Сања Тодоровиќ

Фото: Принтскрин/ Сања Тодоровиќ

Фото: Принтскрин/ Сања Тодоровиќ

Фото: Принтскрин/ Сања Тодоровиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button