Карлеуша славеше роденден во раскошниот двор од ЛУКСУЗНАТА ВИЛА – тортата го украде шоуто!
Пејачката изгледаше како божица во златниот фустан
Карлеуша наполни 45 години
Популарната пејачка Јелена Карлеуша го прослави својот роденден во дворот од луксузната вила во која што живее.
Пејачката по тој повод ги собра пријателите и направи луда забава, а ги воодушеви сите и со специјалната декорација.
Најголемо внимание привлече славеничката која за оваа пригода носеше долг металик фустан во кој блескаше.
Фото: Инстаграм
Инаку, Карлеуша овој свој посебен ден го запина на еден по малку тажен начин – таа најпрво го посети гробот на својата мајка.
Фото: Инстаграм
Од фотографиите што испливаа на Инстаграм можеме да видиме како ЈК го украсила својот двор за овој посебен ден.
Фото: Инстаграм
Имаше луксузен цветен аранжман, неонски бои, скапа декорација со написот ЈК, потоа торбички за гостите со нејзиниот прекар Карли, како и специјално дизајнирани чаши со натписот Алфа како што гласи насловот на нејзиниот нов албум за кој сите зборуваат.
Фото: Инстаграм
Сепак, најголем внимание привлече тортата, на која имаше фигура на самата ЈК како што изгледа во новиот спот Карли бич.
Фото: Инстаграм
Пејачката беше видно расположена и танцуваше цело време пред да си посака желба и да ги дувне свеќичките на тортата.