Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша се фали со луксуз, а кога ќе ја видите куќата во која живеат родителите на Душо Тошиќ ќе останете без зборови

Реклама

Сопругот на Карлеуша како мал бил многу сиромашен

Иако познатата пејачка многу често се фали дека живее на висока нога, животот на нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, не бил отсекогаш таков. Имено, неговата стара мајка сè уште живее многу скромно во селото Орловат, во трошната куќа во која што се родил и Тошиќ.

Маркетинг

Во малата куќа во која се роди сопругот на пејачката и каде што тој го помина детството, сè уште живее неговата мајка. Новинарите кога прв пат отишле да ја најдат неговата куќа, одвај успеале во тоа, бидејќи самиот пат до селото е многу лошо одбележан, така што само по неколкуте погрешни трагови и едночасовно лутање во околината, одвај го нашле местото каде се родил Тошиќ, а на крај и неговите родители. Тогаш неговиот татко се уште бил жив, но само по неколку месеци се разболе и по кратко време ја изгуби битката.

Малата трошна куќа е сместена на самиот крај од улицата веднаш до пругата, а зад неа се наоѓа ограден дел од дворот кој е кокошарник. Тие барале заедно со соседот, а кога дошле во дворот на родителите на Тошиќ излегла домаќинката и љубезно ги поздравила. Но кога се претставиле, таа не била расположена за разговор. Им кажала дека не може ништо да зборува, и дека не сака да се меша.

Маркетинг
Фото: Милорад Миланковиќ, РАС Србија

И покрај тоа што била љубезна, мајка му на Душко и свекрвата на Јелена не сакала ништо да зборува.

Таа само им кажала дека нејзиниот син навистина ја изградил новата куќа, а во врска со тоа дали ги посетуваат, таа одговори потврдно, односно дека нејзиниот син, кога е во Србија, доаѓа да ги види, но не сакаше ништо повеќе да зборува, а најмалку сакаше да зборува за односот со нејзината снаа.

Фото: Милорад Миланковиќ, РАС Србија

„Не сакам ништо да кажам, после ќе излезе дека јас нешто сум зборувала…“ им кажала таа на новинарите, а потоа ја подигнала кофата со пченка и отишла во кокошарникот. Тие не дознале каде е и таткото на Тошиќ, кој тогаш се уште бил жив, а комшијата што им бил водич ги однел и до куќата што ја направил Душко. Таа е веднаш преку патот на куќата на неговите родители, па и покрај тоа што патот до неа е од кал, куќата изгледа прекрасно.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Кога се има пари, може да биде и убава. Парите можат сé да купат и сé да решат. Ни тие некогаш немале, но тогаш Душко тргна во спортот и сега можат да прават што сакаат – објаснува комшијата, но и открива дека неговите родители сепак не доаѓаат во новата куќа кога во неа нема никој, туку живеат во старата, трошна куќа во која е роден и Душко.

Патот во селото орловат (Фото: Принтскрин)

Да потсетиме, Милан Тошиќ, таткото на познатиот фудбалер го напушти овој свет пред две години, по кратка борба со тешката болест. Душко бил многу поврзан со неговиот татко, кој го поддржувал да се занимава со спорт, а бидејќи семејството било многу сиромашно, тој бил принуден како малолетник да го смести во дом за незгрижени деца во Зрењанин, бидејќи немал пари да му плати стан за да тренира.

Пoгpeбoт на татко му на Душко (Фото: Курир.рс)

Татко му беше горд на него

Мојот Душко неколку години беше во интернат за да се школува и да игра фудбал. Таму имаше редовни оброци, што е многу важно за дете во развој. сега е многу успешен и многу сме горди на него. Тој го оствари својот сон. Јас и мојата сопруга сме стари. Живееме тука затоа што тука ни е убаво. Околу нас е природа, свеж и чист воздух. Ништо не ни фали, а би сакале внуките да ни трчаат по дворот – раскажа своевремено татко му на Душко за екипата на Курир која исто така пред неколку години беше да го посети семејството Тошиќ во нивното село Орловат.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Извор: Еспресо.рс, Курир.рс, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button