Карлеуша се појави како ѕвезда од филмови за возрасни – пејачката е најдобро облечена гола жена на светот?!
Она што го носеше одвај ја покри интимата
Познатата пејачка повторно ги шокираше сите
Контроверзната балканска поп-дива Јелена Карлеуша со своето последно провокативно издание повторно воодушеви.
Имено, популарната пејачка викендов имаше настап во еден клуб во српскиот град Параќин кој беше полн до последно место, а Карлеуша атмосферата ја донесе до точка на вриење, како со својата музика, така и со провокативниот перформанс.
Впрочем за тоа сведочи и видеото што го објави на Инстаграм, а од кое можевме да видиме како беше облечена.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Карлеуша овој пат избра провокативен розов костум кој ја откри нејзината фантастична линија, а во фокусот беше натписот на кој со големи букви пишуваше „П*рно ѕвезда“.
Пејачката привлече внимание и со необичните чизми, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Најдобро облечена гола жена на светот
Јелена Карлеуша деновиве беше гостинка на „Уна ТВ“, во популарната емисија „Уна, дуе тре“, каде изјави:
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
„Јас сум некој што не тренира, но прилично добро се хранам, многу овошје и зеленчук, многу вода. Немам ниту еден порок, не пијам дури ни кафе, не пушам. Мислам дека тоа е важно за секоја жена, за кожата, да не пуштат, мислам на цигари“, изјави во шега Јелена и додаде дека никогаш во животот не трчала освен кога нешто се затвара па мора да потрча за да го купи она што го сака, и дека во овие моменти знае да биде најбрза.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
„Сакам за себе да велам дека сум најдобро облечена гола жена на светот. Зошто да трошиме пари на крпи кога можеме да бидеме убави и голи. Изгледа дека јас немам чувство за тоа што е премногу. За мене ништо не е премногу бидејќи сум во таква работа. За мене премногу е начин на изразување и мораат луѓето да знаат дека она што јас го облекувам во тоа не одите на работа, во канцеларија, во банка, каде и да работите, во училиште. Никако. Моето облекување е само мое. Јас сум Јелена Калреуша, вие не сте“, изјави пејачката.