Најпопуларната балканска ѕвезда Јелена Карлеуша не престнува да изненадува.
По разводот какодополнително да ѝ се отвори патот кон светска слава. Убавата Јелена е ѕвезда во секоја смисла на зборот. Таа со својот изглед е една од најхрабрите суштества на планетата.
Кога беше во жири во „Ѕвездите на Гранд“ Јелена секогаш обрнуваше внимание на тоа да им даде моден коментар на натпреварувачите. Откако ја нема во шоуто некако како да се заборави за тоа дека една ѕвезда е комплетна доколку има комплетен изглед, а не само убаво да пее.
Бидејќи е двигател за модата и познавач на високата мода, уникатната пејачка се најде и во улога на манекенка.
Можете да ја гледате на Нетфликс во најновиот документарен филм на Ѓорѓина Родригез. Таа таму се појавува на пистата на модна ревија, а сопругата на Роналдо дава коментар токму за нејзиниот моден изглед.
ЈК не ја крие радоста и пред малку на Инстаграм го сподели исечокот каде што таа се појавува на Нетфликс. На објавата Карлеуша ѝ се заблагодари на Ѓорѓина.
„Никогаш не сум помислила дека случајно гледајќи Нетфликс ќе се видам себеси. Ти благодарам Ѓоршина Родригез твојот документарец е фантастичен! – напиша пејачката.
Под објавата веќе се нижат убави коментари од фановите.
Погледнете што кажа Ѓорѓина за Јелена Карлеуша.
View this post on Instagram