Пејачката одлучи за јавноста и понатаму да остане ЈК, но во личните документи покрај своето име ќе го додаде и мајчиното.
Српската пејачка Јелен Карлеуша реши покрај своето име да го додаде и името на нејзината мајка – Дивна, во знак на благодарност и сеќавање на неа.
Познатата поп пејачка се уште е очајна поради големиот губиток. Како што пренесуваат српските медиуми, нејзината здравствена состојба полека се враќа во нормала, но се уште постојано зборува за нејзината мајка и многу често се расплакува додека зборува со најблиските. Како што пишува српскиот Курир, таа на необичен начин решила да и се одолжи на својата мајка која сите години била покрај неа и нејзина најголема поддршка во животот.
Имено, според извор на Курир, а кој е близок со Карлеуша, пејачката изјавила дека сака да го додаде името на својата мајка и на тој начин постојано да биде поврзана со неа, но и да и се одолжи за целата поддршка што и ја давала постојано нејзината мајка додека била жива.