Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша прв пат зборуваше за новиот скандал што го шокираше Балканот – и тоа пред Стефан Лазаров!

Карлеуша прв пат искрено за наводната афера на Бака Прасе со Лепа Лукиќ, ги откри сите детали во врска со скандалот што го направи со јутуберот

Реклама

Балканската поп-дива, Јелена Карлеуша, неодамна беше на гости кај јутуберот Бака Прасе каде заедно снимија лајв со хуманитарен карактер, но со кој ги срушија сите рекорди на гледаност.

Тие за време на емисијата успеаја да соберат преку 15.000 евра кои беа за помош на поплавените во Босна и Херцеговина, а нивното појавување во живо го следеа повеќе од милион луѓе од целиот регион.

По ова гостување Карлеуша се појави и во поткастот на Стефан Лазаров, кога меѓу другото одговори и на едно прашање поврзано со нејзиното гостување кај Бака Прасе, а кое што и го постави Лазаров.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

Станува збор за нејзината изјава дека Бака Прасе наводно имал „блиска средба“ со Лепа Лукиќ, по што оваа позната српска фолк-пејачка за медиумите изјави дека планира да ја тужи Јелена Карлеуша.

Маркетинг

„Те молам, Лепа, јас се шегував. Те сакам, обожавам те. Јас со тебе да одам на суд, па само со тебе од пејачките не сум била на суд. Се шегував“, изјави Јелена Карлеуша при гостувањето кај Лазаров.

Принтскрин/ Јутјуб, Бака Прасе

Таа потоа додаде и дека Лепа најверојатно и не знае кој е Бака Прасе и дека не го ни гледала нивниот „лајв“, но и дека новинарите и пренеле некоја глупост, па пејачката затоа била изреволтирана.

„Но ако погледне ќе сфати за што станува збор. Те обожавам, Лепа. Голем поздрав за тебе“, изјави Карлеуша кај Лазаров.

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Потсетуваме, откако настана целата фрка околу Бака Прасе, Јелена Карлеуша и Лепа Лукиќ, се огласи и самиот јутубер.

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Имено, Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе самиот откри сé во врска со наводната афера со познатата пејачка.

Јеена Карлеуша во споменатиот лајв изјави дека слушнала за Бака дека е добар во кревет и дека тоа наводно и го кажала Лепа Лукиќ.

Инстаграм/ Бака Прасе

„Ми кажа постара пејачка. Бевме на погреб, ми кажа дека сте имале нешто и дека тоа било многу добро искуство и дека си надарен“, откри тогаш Карлеуша додека јутуберот ја молеше да не зборува јавно и да не го открива името на пејачката, а Карлеуша не сакаше да го послуша и го спомена името на колешката Лепа Лукиќ.

Инстаграм/ Бака Прасе

И откако Лепа Лукиќ пред новинарите им се закани со тужба, се огласи и Бака Прасе кој на својот канал изјави:

„Се колнам, немав ништо со Лепа Лукиќ. Имам слушнато за Лепа Лукиќ, ама не знаев како изгледа, мислев дека тоа е некоја риба, а оно – баба! Респект за бабата, во години е жената, ама брат, Карлеуша убаво ме намести…“, откри јутуберот во врска со наводната афера со познатата пејачка што ги „шокираше“ неговите фанови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button