Карлеуша по разводот од Тошиќ стана вистинска домаќинка – ќе се изненадите што прави во куќата од 2.5 милиони евра!
Пејачката си има и бавча во својата луксузна куќа!
Јелена Карлеуша ужива во својата вила од 2.5 милиони евра, а сега покажа и дека во дворот одгледува зеленчук и овошје.
Таа ги покажа и своите први плодови и ги воодушеви своите фанови, посебно што сама одгледува патлиџан.
„Мириса како најслаткиот парфем и сладок е како шеќер. Следното што сакам да посадам е мојот омилен лук“, напиша таа на Инстаграм.
Многу обожаватели беа воодушевени што нема проблем да ги засука ракавите и сама да одгледува зеленчук за себе и семејството. Таа со ова покажа дека е и домаќинка која се грижи и за својата градина.
Нејзината „мини бавча“ се наоѓа на просторната тераса во луксузната куќа од која се пружа неверојатен поглед.
Инаку, за куќата во која што Карлеуша живее со ќерките, Душко Тошиќ, со кого пејачката е во процес на разведување, платил 2.5 милиони евра. Во склоп на луксузната недвижнина има два базени – внатрешен и надворешен, две гаражи, ако и огромен двор кој е заштитен со високи ѕидови.
Карлеуша неодамна го покажа и огромниот гардеробер што го има во куќата кој го одзема здивот и каков многу жени би сакале да го имаат. Истиот е голем како еднособен стан, во него има два тоалети, па дури и сауна, а од самата просторија може да се излезе директно во градината.
„Гардероберот е голем, има супер огледала, има супер расветла… Има два тоалети, излез за во дворот, и што е најинтересно има и сауна. Го сакам тоа, така што тука ќе се релаксира“, изјави тогаш Карлеуша.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Бонус галерија
Џиновската роденденска торта на ЈК
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша