Карлеуша покажа што јаде за да изгледа совршено во нејзините костуми, но и откри што му одговорила на Душан кога ја прашал до кога ќе се соблекува!
Познато е дека пејачката не јаде месо.
Пејачката Јелена Карлеуша моментално се наоѓа на Копаоник, а на следбениците на Инстаграм сподели како изгледа нејзиниот појадок секое утре.
За оние кои мислат дека Карлеуша е веган, оваа глетка може да предизвика забуна бидејќи на масата се најде свежен цеден сок од портокал, кроасани, но и јајца, сирење и шунка.
Сите овие намирници се одличен избор за лесен и хранлив доручек, но се чини дека Карлеуша сепак не ги конзумира сите споменет намирници.
За потсетување, пејачката пред неколку месеци изјави дека е веган, но се уште јаде некои намириници од животнинско потекло.
– За сите кои прашуваат, јас не сум веган, јас сум вегетеријанец. Се уште можам да конзумирам млечни производи, јајца, риба, ракови, школки. Кога велам „се уште“, мислам дека наскоро ќе сменам, а со тоа и целосно да прекинам со конзумирање на намирници од животинско потекло, изјавила пејачата пред неколку месеци.
Јелена Карлеуша пред неколку месеци беше во центарот на вниманието поради посебниот режим на исхрана со кој ослабна неколку килограми за само две недели.
На истиот режим Карлеуша ја стави и својата ќерка Ника која како што самата пејачка изјави задоволна е од резултатот. Па поради одличните резулатати малата Ника доби парфем од својата нутриционистка.
– И се заблагодарувам на нашата нутриционистка за прекрасните подароци. Ова го доби Ника која е дициплинирана и идеално губи килограми, здраво во скалд со своите години. Мама не доби ништо бидејќи не беше добра, напиша Јелена тогаш на социјалните мрежи.
Карлеуша неодамна изјави што ја натерало да ослабе и да го доведе своето тело до совршенство.
-Изминатата година се „јадев“ однатре. Но тоа не беше причината за моето слабеење, туку специјалната и здрава исхрана.
Како секој суетен лав, на овој чекор се одлучив кога маж ми ми кажа дека сум дебела. Сега горчливо се кае поради тоа.
Идното лето ќе ме видите во микробикини“, раскажа Јелена и откри што му вели на својот сопруг Душко Тошиќ на кого понекогаш му пречи нејзиниот провокативен начин на облекување:
-Мојот Душко едноставно не го сака тоа. Ме прашува до кога ќе се соблекувам, а јас му одговарам: “Душо, не се ожени со домаќинка туку со Јелена Карлеуша“.
Во продолжение погледнете уште неколку интересни фотографии од најатрактивната ѕвезда на Балканот која се грижи за секој детаљ…