Карлеуша повторно распали по Цеца на Инстаграм, но овој пат со ФОТОГРАФИЈА за која уште долго време ќе се зборува

Јелена Карлеуша VS Цеца Ражнатовиќ
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека меѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша со години постои ривалство.
Нивните несогласувања се причина и за повеќе судски процеси, а непријателството не престанува веќе со години.
Впрочем за тоа сведочи и една објава на Јелена Карлеуша на социјалните мрежи која што пејачката неодамна ја објави.

Поп-дивата во рамките на своите Инстаграм приказни сподели објава од една нејзина фан страница што ја водат обожавателите. На неа се гледаат две фотографии од неодамнешните настапи на Цеца и Карлеуша, а под објавата во коментарите го пишува следново:
„Мислам дека сите споредби на овие две жени се смешни“, пишува еден фан на Јелена Карлеуша.

Ова не е прв пат Карлеуша да го критикува стилот на Цеца која на своите настапи изгледа многу поразлично од неа.

Така беше и на нивните последни настапи – балканската фолк кралица носеше тесен фустан во виолетова нијанса, со кој во преден план ги истакна нејзините бујни облини, додека Карлеуша играше на картата на провокацијата и повторно речиси ништо не остави на фантазијата.

Погледнете ги и останатите фотографии и кажете ни, според вас, која од овие две дами има подбар стил?
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
