Карлеуша повторно го пpoвоцираше поранешниот сопруг на Ким КАРДАШИЈАН?! Ново бpyтално издание на балканската дива!
Карлеуша се сликаше во необично издание
Пејачката на својот Инстаграм сподели видео со кое ги изненади сите – наместо руса коса, таа носеше розова перика.
Карлеуша најпрво го снимаше своето лице во крупен план, а нејзиниот имиџ очигледно им се допадна на сите.
Сепак, главното изненадување следуваше нешто подоцна, кога пејачката ги објави најбруталните фотографии досега.
Имено, сопругата на поранешниот фудбалер Душко Тошиќ позираше во необични парчиња од „Баленсијага“, додека нејзиното тело во горниот дел беше покриено само со леплива лента во обликот на буквата „икс“.
Следуваа бројни позитивни коментари од нејзините воодушевени фанови на социјалните мрежи.
Инаку, во слично издание пред неколку дена се појави и најпознатата ријалити ѕвезда на светот, Ким Кардашијан.
Кардашијан тогаш беше целосно залепена со ленти со логото на познатиот бренд, а фановите на Јелена беа изненадени од ова издание посебно што од пред неколку дена нејзиниот профил на Инстаграм почна да го следи и поранешниот сопруг на Ким, познатиот репер Канје Вест.
CAUTION ⚠️ @BALENCIAGA ⚠️⚠️⚠️ pic.twitter.com/sRCWn0XisY
— Kim Kardashian (@KimKardashian) March 7, 2022
Од овие причини сега многумина мислат дека Карлеуша намерно се обидува да го испровоцира реперот. Таа претходно се сликаше како од мајка родена облечена само во неговите патики (види тука), а досега многу пати и странските медиуми пишувале за сличноста на ЈК со Кардашијан.
Бонус галерија
Топ 10 изданија на Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша