Карлеуша одржа концерт за деца со посебни потреби, но ОВА ЈА ШОКИРАШЕ! Пејачката распали за сите пари по нив!
Пејачката направи неверојатна атмосфера…
Најголемата поп-ѕвезда во регионот Јелена Карлеуша во центарот на Белград се појави на манифестацијата за доделување на пакетчиња за деца со пречки во развојот, социјално загрозени деца, децата на националните малцинства, но и на сите останати деца.
Како што пишува „Телеграф, рс“, пред бината имаше повеќе од 10.000 присутни, а најмалите уживаа во песните на Карлеуша.
Пејачката за оваа пригода носеше бел долг фустан со отворен грб, со голем дамски шешир со пердуви на главата.
Децата за Јелена подготвија преубави бели ружи кои пејачката посебно ја израдуваа и расположија.
Но за жал имаше и такви кои го критикуваа настапот на познатата пејачка на овој настан, на што таа експресно одговори:
„Телевизијата ‘Ен1’ ме омаловажува и навредува затоа што одговоров на поканата на ХУМАНИТАРНА акција и затоа што како НАЈВЛИЈАТЕЛНА ЈАВНА ЛИЧНОСТ дадов свој придонес и со своето присуство го свртев вниманието кон проблемот на децата со посебни потреби и социјално загрозените деца?! Замислите кога некој медиум на пример во Америка, би ја омаловажувал Лејди Гага или Бијонсе затоа што им пее на децата на хуманитарен настан???“
„Што е со вас будали?! Како бре не ви е срам! Срам да ви е! И затоа имате гледаност на статистичка грешка“, напиша Јелена Карлеуша.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм