Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша овој пат беше брутална и кон кандидатката од Македонија – шармантната пејачка ова нема никогаш да и го заборави!

Реклама

Карлеуша повторно го украде шоуто во „Ѕвездите на Гранд“

Фото: Принтскрин

Шармантната 19-годишна пејачка Благица Ѕунѕуровска од Скопје се „бореше“ со Јована Миленковиќ од Алексинац (30) за петтиот круг во Ѕвездите на Гранд.

Младата Македонка од тимот на Мили се престави со песната „Југословенка“ на Лепа Брена и „Тажна љубов, среќна песна“ од Тамара Тодевска, додека Јована, од тимот н Ана Бекута со песни од Тони Цетински и Лепа Брена.

Маркетинг

Втората кандидатка доби четири гласа и со тоа во последен момент обезбеди одење во бараж, за разлика од Благица која испадна од натпреварот. Јелена Карлеуша го коментираше нивниот настап, но немаше пофални зборови за ниту една од нив. Еве што им порача таа на девојките.

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

„Јас би го повлекла мојот глас, жими мајка. Не беше ни за четири гласа. Ме боли желудникот. Девојки, ова беше катастрофално. Во оваа работа ништо нема да добиете, дебакл, промашување“, им кажа Јелена.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Иако претставниците на жирито се согласија дека Благица е добра пејачка, беше очигледно дека таа не можеше да излезе на крај со тремата.

Од друга страна и изборот на песните не беше соодветен за неа, за разлика од претходниот круг кога ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм/ Јована Миленковиќ

И додека останатите претставници на жирито ги коментираа девојките, Карлеуша повторно се јави со свој остар коментар. Таа изјави дека за џабе го губат времето на некои што тоа не го заслужуваат, а на Јована и се обрати со следниве зборови:

„Јoвана, најпрво би ти ги земала чизмите. Немате во мозокот како да бидете ѕвезди“, ги коментираше остро пејачките поп-дивата.

Фото: Инстаграм/ Јована Миленковиќ

Тогаш Поповиќ и се обрати на Карлеуша со зборовите:

„Јелена, ти и го даде гласот, фактички ти ја однесе во баражот“, објасни тој, а Јелена видно изнервирана најде утеха во нејзиниот колега Босанац, па отиде да го гушне и му седна во скутот. По некоја минута, тие си ги променија местата, па пејачот седна во нејзиниот скут, а Јелена објасни дека тоа само нему му го дозволува, додека неговата колешка Вики Миљковиќ му порача дека ќе го остави сопругата.

„Веќе гледам развод на бракот“, коментираше таа.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инаку, Карлеуша во претходниот круг, на Благица и порача дека е слатка и симпатична, но и дека кога пее е опасна ѕверка.

„Јас ти дадов глас заради бруталниот талент и енергија, како и ѕверскиот поглед и те молам направи успех во оваа работа бидејќи ти во твојот поглед криеш ѕверка!“ и порача тогаш поп дивата на Благица.

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Благица ја памтиме како симпатично и скромно девојче кое пред неколку години со својот глас ги освои сите во „Неки нови клинци“ Таа тогаш победи во шоуто, но набргу потоа се повлече од музичката кариера, за по некое време да се врати со своја генијална песна со која ги воодушеви сите.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа од харизматичното, скромно девoјче порасна во прекрасна девојка, која веќе зад себе има неколку одлични песни.

Погледнете како таа изгледа денес:

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Фото: Инстаграм/ Благица Ѕунѕуровска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button