Карлеуша објави фотографии од тајната роденденска прослава – јавноста „шокирана“ од тоа како беше облечена, но и од тортата
Тортата беше направена специјално за ЈК, а нејзините иницијали стојат како круна на самиот врв.
Балканската поп-ѕвезда деновиве го прослави својот 43 роденден, а на нејзина адреса пристигна тортата со која се пофали на Инстаграм.
Популарната пејачка со своите фанови сподели и што доби од најблиските за својот посебен ден, а очигледно најмногу и се израдува на тортата.
На тортата исто така се наоѓа и морска сирена со ликот на Јелена, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Инаку, Јелена роденденот го прослави заедно со најблиските далеку од очите на јавноста, облечена во впечатливо издание.
Имено таа носеше костим за капење со кој никого не остави рамнодушен, а преку него носеше сина наметка од тил.
Карлеуша позираше во дворот во новата семејна вила во Дедиње, а во еден момент заврши во базенот.
„Вака изгледав за 43 роденден. Ви благодарам за честитките и најубавите желби. Одиме во голем стил! Ни помалку ни повеќе. Ве сакам“, напиша Јелена.
„Оваа година не правен роденденска забава, бев во најтесниот круг со семејството и пријателите, одмарав и го полнев батериите за Music Week кој е пред нас, бидете подготвени, планетата ќе грми“ напиша таа.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша